Мартин Арнаутов
Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет “Кирил и Методи” Скопје
​Невенка Китева Роглева

DOI: https://doi.org/10.31410/EMAN.2018.984
​​
2nd International Scientific Conference – EMAN 2018 – Economics and Management: How to Cope With Disrupted Times, Ljubljana – Slovenia, March 22, 2018, CONFERENCE PROCEEDINGS published by: Association of Economists and Managers of the Balkans, Belgrade, Serbia; Faculty of Management Koper, Slovenia; Doba Business School – Maribor, Slovenia; Integrated Business Faculty –  Skopje, Macedonia; Faculty of Management – Zajecar, Serbia, ISBN 978-86-80194-11-0


Abstract​

Предмет на истражување во овој труд е меџирањето на сложените технички проекти како и целокупниот процес на спроведување на јавните набавки во Република Македонија. Во првиот дел од трудот се испитуваат факторите кои имаат влијание на софтверските проекти, се издвојуваат најважните карактеристики на квалитетот на софтверот и се анализира потребата од софтверски метрики.  Во вториот дел од трудот се врши опис и анализа на постапката на планирање и спроведување на процесот на јавни набавки, како и извршување на договорот кој произлегува од постапката на јавна набавка.  Јавните набавки се значаен извор за водење бизнис за приватниот сектор и како такви – мора да обезбедат слободна конкуренција и фер третман меѓу сите заинтересирани деловни субјекти. Јакнењето на информатичкото општество, зголемените барања за рационално користење на јавните средства, како и потребата електронските јавни набавки има за цел да станат активен инструмент на националните еконoмски политики и се основни цели на новото европско право. Развојот на европскиот систем за јавни набавки ја наметнува потребата од поедноставување на правните одредби и нивното приспособување за користење електронски средства, кои подразбираат значајна заштеда на време, ресурси и средства кај засегнатите страни во процесот.
Третиот дел од трудот се однесува на практичниот дел – анализа на спроведените анкетни испитувањa/интервјуа на лица кои што се директни учесници во процесот на реализација на сложени технички проекти и процесот на јавни набавки. Истражувањето дава реална слика за проблемите со кои  се соочуваат учесниците во јавните набавки (договорните органи и економските оператори) при процесот на купување/стекнување т.е. продавање на стоки, извршување на услуги или изведување на работи. Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките. Во најголем број од тендерските постапки се користи критериумот „најниска цена“ како единствен критериум за избор на најповолен понудувач. Истражувањето дава јасна слика за тоа колку учесниците во јавните набавки во РМ се запознаени со принципот “најдобра вредност за вложените пари” и кое е неговото значење, колку и на кој начин истиот се применува во процесот на набавки, кои фактори влијаат на неговата застапеност во постапките и што треба да биде преземено или се презема за негово вклучување во постапките се со цел да се зголеми ефикасноста на искористување на средствата во постапките за доделување договор за јавна набавка.
Во четвртата фаза се врши сумирање на добиените резултати и се дефинираат заклучоци од спроведеното истражување. Заклучоците се однесуваат на областите во кои е потребно да се посвети поголемо внимание при процесот на менаџирање на сложените технички проекти; издвоени се факторите и најчестите грешки кои имаат влијание врз процесот на менаџирање на сложените технички проекти; дефинирани се поважните карактеристики при процесот на менаџирање на сложените технички проекти; утврдено е влијанието на јавните набавки при процесот на избор на сложени технички проекти и констатирано е какви се условите во софтверските компании во Република Македонија и како размислуваат учесниците во процесот на спроведување на јавните набавки и избор на сложени технички проекти и на крај е предложен модел за проектен менаџмент на софтверските проекти и се прикажани очекуваните придобивки од неговата примена.

Key words

Association of Economists and Managers of the Balkans – UdEkoM Balkan
179 Ustanicka St, 11000 Belgrade, Republic of Serbia