Климент Наумов
​Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, Кеј Македонија 95, 6000 Охрид, Република Македонија
DOI: https://doi.org/10.31410/EMAN.2018.743
​​
2nd International Scientific Conference – EMAN 2018 – Economics and Management: How to Cope With Disrupted Times, Ljubljana – Slovenia, March 22, 2018, CONFERENCE PROCEEDINGS published by: Association of Economists and Managers of the Balkans, Belgrade, Serbia; Faculty of Management Koper, Slovenia; Doba Business School – Maribor, Slovenia; Integrated Business Faculty –  Skopje, Macedonia; Faculty of Management – Zajecar, Serbia, ISBN 978-86-80194-11-0


Abstract​

Трудот обработува актуелна тема што е од големо значење за развојот на дојдовниот туризам во Република Македонија. За реализација на целите што се поставени при конципирањето на овој труд, се користени повеќе научни методи како што се: методите на анализа и синтеза, методот на дедукција и методот на индукција, дескриптивниот метод, каузалниот метод, системскиот пристап, статистички методи, историскиот метод и сл. При разработката на проблемот на истражувањето, се презентираат официјални податоци изнесени во сите видови документи и се анализираат  најрелевантните податоци и информации за потврда на реалните состојби во поглед на меѓународните туристички доаѓања и субвенционирањето во туризмот осврнувајќи се на случајот на холандските туристи. Врз основа на тие податоци,  се конструираат соодветни заклучоци предлагаат насоки за унапредување на туризмот во РМ Општо познато е дека постои причинско-последична врска помеѓу туристичките текови и стимулативните инструменти за привлекување туристи која може да биде искористена за утврдување на активности и превземање акции со кои би се зголемил бројот на туристи во РМ, што всушност и претставува предмет на истражување. Во трудот е обработена проблематиката на субвенционирањето во туризмот со кое се работи на приближување на македонскиот туристички производ кон странските потенцијални туристи. Субвенционирањето е една краткорочна и транзициона мерка која делува стимулативно на туристичката економија и истата треба да овозможи понатамошна одржливост на туристичките текови. Како репрезентативен примерок за истражување на овој проблем се земени холандските туристи како едни од најмасовните посетители на РМ, за кои Владата доделува субвенции во изност од 65 евра по човек. Има безброј примери во светот за владини интервенции во туристичките текови на одредени земји. Како краткорочна мерка субвенционирањето не би требало да трае повеќе од 5 години. Анализата на статистичките податоци за туристичките доаѓања укажува на фактот дека има енормен раст во полето на туризмот споредено со периодот пред да се донесе Законот за субвенционирање. Загрижувачки е фактот што како апликант за субвенции може да се јави странски туроператор доколку ги исполнува условите пропишани со Законот за субвенционирање. Со ова се стимулира дефицитот на националната економија иако се зголемуваат меѓународните туристички пристигнувања. Анализирајќи ги понудите на холандските туроператори за одмор во РМ може да се заклучи дека туристичкиот обрт во земјата се релативизира за сметка на исплаќањето на субвенциите кое може да се претстави во апсолутни бројки. Не постои гаранција дека туристот ќе потроши одредена сума средства за време на престојот во дестинацијата, oд друга страна исплатата на субвенциите e законски загарантирана. Субвенционирањето во многу туристички развиени земји се покажало како погубно на подолг рок и тоа би требало да се земе во предвид при идното планирање на туризмот во Република Македонија. Намалувањето на цените на услугите доведува до неможност на испорака на квалитетна услуга. Кога на тоа ќе се додадат субвенциите се влегува во една инертност која води до класичен масовен туризам без конкретни содржини, што не би требало да се допушти од страна на релевантните фактори од стопанството, а пред сè државните институции во чиј ресор се наоѓа туризмот. 
​​

Key words

рецептивен туризам, странски туристи (холандски), субвенционирање во туризмот, туристички производ.


References

  1. https://www.tourismmacedonia.gov.mk/Uploads/2016.pdf
  2. Olink H., (2011) Dronken van het leven-A. den Doolaard, zwerver, schrijver, journalist , Atlas
  3. Утрински весник број 1703, понеделник 16 октомври 2006 година.
  4. Den Doolaard A., (1941) De bruiloft der zeven zigeuners, Querido’s uitgevers-mij, Amsterdam 1941
  5. Наумов К. 2014 Маркетинг активности за зголемување на пласманот на македонскиот туристички производ на пазарот на холандија и белгијa,  магистерски труд, ФТУ Охрид
  6. https://www.anwbkampeerreizen.nl/kampeerreis/zuid-europa/38-daagse-grand-tour-de-grote-balkan-ronde
  7. https://www.snp.nl/macedonie
  8. https://www.bolderman.nl/15-dagen-byzantijnse-rondreis
  9. https://www.dejongintra.nl/busreizen/kroatie/15-daagse-busrondreis-de-byzantijnse-balkanrondreis/
  10. https://www.kras.nl/vakantie/macedonie/reis-ez62052/rondreis-magisch-macedoni%C3%AB
  11. https://www.weflycheap.nl/macedonie-ohrid-villa-mimi

Association of Economists and Managers of the Balkans – UdEkoM Balkan
179 Ustanicka St, 11000 Belgrade, Republic of Serbia